Бизнис
17. October 2015 - 16:40

Отворена првата детска градинка во државните институции - "Мини фини буџетчиња" во Министерството за финансии

Додека родителите ги извршуваат работните обврски, децата ќе бидат згрижени во нивна близина. Во министерството за финансии отворена градинка за најмилите на вработените. Опремена е со најсовремени реквизити. Има капацитет за 40 деца поделени во две групи според возраста, од 2 до 4 и од 4 до 6 години. За најмладите ќе се грижат негователки и воспитувачки.

Децата кои ќе ја посетуваат градинката  “ Мини фини буџетчиња“   ќе јадат здрава храна, а менито е подготвено од нутруционисти.

- Мојот омилен класик Фјодор Достоевски  крекол дека душата ни е смирена кога сме со децата. Јас како родител и сите што се родители знаат дека ова е голема вистина. Секогаш кога сме со нашите деца и тогаш кога не слушаат и кога помалу не слушаат и кога се мали и кога се малку поголеми и уште поголеми, секогаш кога мислиме на нив чувствата се убави и душата е восхитена, рече Зоран  Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

Министерството за финании е прва државна институција со градинка за децата на своите вработени.

- Идејата за отворање на ваква градинка ја носам уште од времето кога работев во Светска банка каде што исто така имаше ваква градинка за вработените и е практика во светот во многу финансиски и други корпорации. Во многу приватни фирми се води грижа за децата преку отворање на градинки за вработените да можат да ги сместат нивните деца. Токму затоа со многу љубов и ентузијазам пристапивме кон овој проект, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски.

Ставрески нагласи дека отворањето на градинката ќе претставува силна мотивација за сите сегашни родители во Министерството за финансии, но и за идните родители, бидејќи во Министерството имало доста млади луѓе кои допрва ќе формираат семејство. Инвестицијата во градинката изнесува 5,6 милиони денари.