Отворена плажата во Фукошима 8 години по нуклеарната катастрофа: Родители и деца се бањаа во зоната што досега беше забранета
Деца денеска се забавуваа во водата, а сурферите уживаа на брановите во близина на оштетената нуклеарна електрана во Фукошима, откако плажата конечно беше отворена по нуклеарната катастрофа во 2011 година.
Плажата Китаизуми, околу 25 км северно од нуклеарната електрана е отворена за јавност откако градот Минамисома издаде официјално одобрување дека луѓето таму може да се бањаат.
Плажата беше посебно популарна меѓу сурферите кои пред несреќата во 2011 година таму одржуваа државни и меѓународни натпревари. Локалната жителка Сајака Мори прошета низ плажата заедно со сопругот и трите деца, објави новинската агенција Кјодо.
Куќата на Мори била близу плажата и е однесена од цунамито.
Во март 2011 година силен земјотрес и цунами ги опустошија крајбрежјето на североистокот на Јапонија, при што загинаа 18.500 луше.
Земјотресот и цунамито предизвикаа оштетувања на три нуклеарни реактори.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата