Македонија
5. October 2016 - 16:26

Отворена нова градинка во Ѓорче Петров што ќе згрижува 120 деца

Нова градинка за жителите на Ѓорче Петров. Премиерот Емил Димитриев заедно со заменик-министерот за труд и социјала и градоначалникот ја пушти во употреба новата градинка “Кокиче“ која се наоѓа во склоп на основното училиште Ѓорче Петров во Дексион а ќе може да прими околу 120 дечиња.

Премиерот задолжен за спроведување на изборите додаде дека тоа што се јавува потреба за нови градинки значи дека Македонија полека го решава проблемот со наталитетот.