Бизнис
21. September 2017 - 16:39

Отворена нова фабрика во Прилеп, Aкомпласт, која ќе вработи 150 лица на стартот и ќе произведува за големите автомобилски гиганти

Реномираната германска компанија “Акумпласт”, денеска, во Прилеп официјално го стартуваше својот нов погон – “Инџекшн Молдинг Прилеп” каде ќе се произведуваат софистицирани делови за автомобилската индустрија. Фабриката која се наоѓа во ТИРЗ “Алинци”  започна да се гради пред 18 месеци и ќе обезбедува 250 вработувања.     

На свеченото пуштање во употреба на оваа странска инвестиција, присуствуваше и вице- премиерот во новата Влада на РМ, Кочо Анѓушев кој најави продолжување на веќе востановената агенда за привлекување на странски инвестиции во земјава.

Инаку, по однос на оваа инвестиција, на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, напиша дека фабрика во Прилеп се протега на над 1000 м2 површина. Станува збор за реномирана германска компанија, специјализиран производител за пластично моделирање на делови за автомбилската индустрија, единствена фабрика од ваков вид во Западен Балкан, со примена на напредна, врвна и иновативна технологија, која за прв пат ќе се применува во Македонија.