Македонија
6. September 2017 - 13:47

Отворена гинеколошка ординација во Шуто Оризари

Во амбулантата во скопската општина Шуто Оризари од денеска почна да работи гинеколошката ординација, соопшти Министерството за здравство.

Во амбулантата ќе работи д-р Вјолца Мбиара, специјалист-гинеколог со долгогодишно работно искуство, меѓу другото, и во американска болница во Албанија.

- Конечно во амбулантата во Шуто Оризари ќе работи и гинеколог, со што решивме долгогодишен проблем и обезбедивме континуирана гинеколошка здравствена заштита за жените од општината, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.