-->
-->
Отворен зелениот кров на ГТЦ
-->
Покривот на ГТЦ е на површина од 1800 квадратни метри засадени се повеќе од 20 висококвалитетни дрвја и над 30 други видови садници од категориите на средно и ниско зеленило.
Поставени се неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, амфитеатрални скали, партерно шаховско поле и модерна урбана опрема согласно со потребите на посетителите. Проектот е финансиран од Град Скопје и имплементиран со поддршка од УНДП.
Согласно со податоците од релевантни истражувања температурите на зелениот покрив можат да бидат пониски од 16 до 22 Целзиусови степени споредено со конвенционалните покриви. Со тоа, температурите на околината можат да се намалат до 3 степени Целзиусови, при што потрошувачката на електрична енергија потребна за ладење би се намалила за 0,7% - изјави Шилегов.
Според градоначалникот на зелениот кров не е спорно да има и кафуле, но за тоа ќе одлучува понатаму директорот на ГТЦ.
Претходно со одлука на градот беше демонтирана градбата за која тврдеа дека била планирана за системот за наводнување и тоалети.
Мирјана Давидовска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден