Отворен вториот саем на Македонски мед во Струга
Во организација на Здружението на пчелари „Матица“ од Струга и Сојузот на пчеларските здруженија на Македонија „Пчела“ – Скопје од денеска до 7 август на плоштадот на Револуцијата во Струга се одржува вториот саем „Денови на македонскиот мед“.
На годинашната манифестација учествуваат повеќе индувидуални пчелари - производители на мед од Битола, Прилеп, Ресен, Македонски Брод, Штип, Кочани, Струга...Целта, според претседателот на Здружението на пчелари „Матица“ Шефит Шемшедини, е да се зголеми туристичката понуда со квалитетен домашен мед.
- Со ваквата организирана понуда на македонски мед во екот на туристичката сезона во Струга сакаме да се зголеми туристичката понуда со квалитетен домашен мед, не само за граѓаните на Струга и Струшко, туку и за големиот број гости кои претстојуваат во Струга, користејќи ги своите годишни одмори, како и поттикнување на заинтересираните пчелари, особено младите невработени лица, за започнување со овој, според мене, доходовен бизнис, изјави Шемшедини.
Тој оцени дека на првиот ден од манифестацијата има голем интерес меѓу пчеларите кои нудат голема палета пчелни производи.
Втората маннифестација „Денови на македонскиот мед“ во Струга се организира со поддршка на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и општината Струга.
Ново на Сител
-
Погребна фирма во САД проневерила државна помош - не ги погребувала и кремирала телата
-
Да ѝ помогнеме на Моника Бојковска да оздрави
-
Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала
-
Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик
-
Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“
-
Градоначалник на скопска општина доби кривична за прекршување на Законот за заштита на деца
-
Грејната сезона продолжува поради временските услови
-
Османи: За предметот „Пациент“ на СЈО немаше обвинение, мојот противкандидат нема идеи во оваа изборна кампања