Македонија
23. September 2016 - 17:28

Отворен вториот еко пазар во општина Маврово Ростуше

Во општина Маврово Ростуше почна со работа вториот еко пазар, изграден со средства од ИПА програмата на ЕУ за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.

Пазарот е во месноста „Зад Чука“ во близина на големата спортска сала, кај Ростуше.

Градоначалникот Мукрем Мехмеди рече дека првиот еко пазар е отворен во Маврови Анови и работи секојдневно.

- Овој пазар ќе работи секој петок во неделата. Може свои производи да продаваат и земјоделци и сточари од сите делови на нашата земја. Со одлука на Советот на општина Маврово Ростуше една година заинтересираните продавачи тезгите ќе ги ползуваат бесплатно, рече Мехмеди.

Според него функционирањето на еко пазарите многу ќе придонесе во економското закајнување на производителите од пошпирокиот регион,н о и во развојот на туризмот.

На денешниот прв ден од работата на пазарот, земјоделски и сточарски, како и други производи понудија производители од оваа и други општини.

Во рамките на проектот, освен овие два пазара во општина Маврово Ростуше, еден еко пазар е отворен во албанската општина Ѓинар, кај Елбасан.