Македонија
19. March 2016 - 16:48

Отворен ресурсен центар за децата со оштетен вид во Велес

Се подобруваат образовните можности за децата со оштетен вид од Велес. Се отвори ресурсен центар во кој ќе се изучува брајовото писмо и ќе се развиваат способностите за работа со компјутери.

Ресурниот центар за деца со пречки во видот работи во просториите на поранешниот факултет. Општинските власти планираат објектот да прерасне во дневен центар за лица со посебни потреби.

Во ресурсниот центар ќе се прегледува и видот на децата од 3 до 6 години. Според лекарите во оваа возраст постои можност за корекција на видот без хирушки зафати. Инаку отворањето на центарот го финансираа УСАИД и Лајонс.