Отворен реновиранот „Лапидариум“ кај „Куќата на Робевци“ во Охрид
Во рамки на музејскиот комплекс „Куќа на Робевци“ во Охрид почна да функционира целосно обновениот музејскиот културен центар „Лапидариум“.
Музејскиот простор, кој е опремен со современи елементи, ќе служи како центар за презентација и продажба на информативен и стручен публикуван музејски материјал, како и за презентација на значајни сувенирски предмети изработени како копии од оригинални археолошки, етнолошки, сакрално-уметнички и други видови експонати кои ќе им бидат достапни на домашните и странски посетители.
Во музејскиот центар се презентирани и епиграфски споменици и други оригинални мермерни артефакти, а архитектонскиот изглед на објектот е целосно вклопен во околниот музејски простор со вградени и поставени оригинални камени и мермерни елементи кои припаѓаат на античкиот и ранохристијанскиот период.
Музејскиот културен центар располага со можности за видео проекции за презентација на документарни филмови за културното наследство на Република Македонија, како и можности за организирање културни настани, изложби под ведро небо, камерни или драмски претстави, монодрами, рецитали и други активности.
Целта на обновата на „Лапидариумот“, спроведена со средства на Министерството за култура преку Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, е вклучување на институциите во насока на развој на културниот туризам, анимирање на музејскиот простор, како и збогатување на туристичката понуда на Охрид и презентација на културното наследство пред домашната и странската јавност.
Со поддршка на Министерството за култура во изминатиот период целосно беше обновен и потпорниот ѕид над Куќата на Робевци, со што целосно се ревитализираше просторот околу неа, за што беа издвоени 14 милиони денари.
Ново на Сител
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа