-->
-->
Отворен предмет по допрен глас во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа
-->
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија.
– Следејќи ги реакциите на „Нефрон“ – Здружение за бубрежно болни граѓани и написите на одредени медиуми кои укажуваат на низа недоследности при спроведување на постапката по Огласот за доделување концесии на центрите за вршење дијализа, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оцени дека постои основ на сомнение што треба да се провери. Сомненијата укажуваат дека постапката е спроведена на нетранспарентен начин со индиректно фаворизирање на правни и физички лица при што познати меѓународни провајдери со големо искуство се ставени во подредена положба, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Воедно, како што посочуваат од Обвинителството, постои основ на сомнение и во врска со Одлуката за утврдување на референтна цена за хемодијализен третман согласно Упатството за начинот на вршење на здравствената дејност која се однесува на лекувањето со дијализа, со која што референтната цена на чинење на пакетот – хемодијализен третман кај хронична бубрежна инсуфициенција е зголемена од 4855 денари на 5.400 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација