Ракомет
19. February 2017 - 9:30

Oтворен фан-шоп на ракометна репрезентација на Македонија

Во склоп на стадионот „Телеком Арена“ беше отворен и првиот официјален фан-шоп на Ракометната федерација на Македонија и компанијата „Д спорт“.
Дресови на ракометната репрезентација на Македонија на брендот „Хумел“ ќе можат да се купат во фан шопот, а ќе има и маици и други одбележја во македонските национални бои.
На отворањето присуствуваше раководството на Ракометната Федерација на Македонија, високи преставници од интернационалналната компанија Д Спорт, селекторите на машката и женска репрезентација како и дел од репрезентативците кои поделија автограми за најсреќните македонски навивачи.
Во знак на благодарност и доверба регионалниот бренд менаџер Тања Медвед му го подари на претседателот на РФМ Мукаетов дрес со број 1 од официјалниот фан-шоп на македонската ракометна репрезентација.