Македонија
14. October 2020 - 13:35

Oтворен е стационарот за бездомни животни Лајка

Отворен е  стационарот за бездомни животни Лајка. Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, вели дека станува збор за објект кој за разлика од Вардариште“ ќе има поголем внатрешен капацитет и наместо 80 метални боксови ќе има нови 100 апартмани за кучиња со подно греење и вентилација, согласно стандардите пропишани во правилниот за прифатилишта од Агенцијата за храна и ветерина. Директорка на стационарот Тина Петрушевска, вели дека на улица има 1970 кучиња, а дневно добиваат по 30 повици од граѓани кои бараат дислокација на овие бездомни животни. Отварањето на Јавно претпријатие се најавуваше многу пати до сега, а почна со работа по година и пол од назначувањето на директорката на оваа функција.

 

 

 

Елена Милошевска