Македонија
10. July 2016 - 16:26

Отворен дом за стари лица во Општина Илинден

Почна со работа нов современ дом за стари лица во општина Илинден. Сместувачкиот капацитет е за 30 лица а за почеток ќе има 10 вработени кои ќе се грижат за нив.  Како што посочи министерот Спасов при денешната посета, владината поддршка за оварање на старечки домови дава резултати. Расте бројот на инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства за оваа намена. Се зголемува бројот на вработени лица како и  конкуренцијата.Со ова се подобрува и  квалитетот на услугите при згрижувањето на лицата од третото доба.

Тука значајни се и поволностите на Владата од пред 2,5 години, со намалување на комуналиите за изградба на старски дом за 95 проценти, почетната цена од 1 евро за квадрат за градежно неизградено земјиште, поволните кредитни линиии за поддршка на развој, како и поволностите за вработување кои се нудат преку Агенцијатаза вработување. Исто така, тука е и најновиот проект – грант за отворање на нови старски домови од 12 .000 евра, кои секако даваат резултат. истакна Спасов, на денешното отворање на новиот старски дом во Кадино..Сопственичката посочи дека веќе има отворено дом за стари лица во Ченто. Истакна  дека со владината поддршка се охрабрила повторно да инвестира.

Ова е прв дом кој почнува со работа во општината Илинден, вториот  е во фаза на изградба. Во изминатиов период се отворени вкупно 19 приватни домови за стари лица. Огласот за добивање на 12 000 евра неповратни средства за оваа намена е отворен, и сите заинтересирани можат да се пријават.