Бизнис
15. May 2018 - 9:31

Отворен ден за млади невработени лица во Струмица

Во Струмица денеска ќе се одржи Отворен ден со млади невработени лица „Гаранција за млади - шанса за сите!“

Целта е да се обезбеди четиримесечна шанса за вработување на млади од 15 до 29 години, континуирано образование и обука или практикантство.

На Отворениот ден ќе зборуваат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, претставници на Младинскиот совет на Струмица, Националниот млaдински совет и претстaвници од Агенцијата за вработување.

Проектот го спроведуваат Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Македонија и Националниот младински совет со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје.