Македонија
15. September 2016 - 8:48

Отворен ден во Францускиот институт во Скопје

Во Францускиот институт во Скопје денеска од 16 до 19 часот ќе се одржи Отворен ден. Посетителите ќе можат да се запознаат со професори по француски јазик, да го откријат туристичкиот потенцијал и регионите на Франција, да се информираат за најпродаваните француски автори, да дегустираат француски специјалитети...

- Нашата програма „Културни патеки“, самата по себе би сакала да биде едно патување во светот на уметноста и идеите, рече на вчерашната средба со медиумите Изабел Марки-Барбо, директор на Францускиот институт во Скопје. 

Во рамки на Отворениот ден ќе има билингвални работилници, на англиски и француски јазик на повеќе теми.