Отворен ден во Центарот за управување и контрола на сообраќајот
Во рамки на активностите за зголемување на транспарентноста во работењето, Град Скопје организира отворен ден во Центарот за управување и контрола на сообраќајот.
Граѓаните в сабота, од 10 до 14 часот, ќе можат да дојдат и да се запознаат со начинот на работа на овој центар, кој е лоциран во просториите на Меѓуградската автобуска станица.
Сите заинтересирани кои ќе сакаат да го посетат Центарот за управување и контрола на сообраќајот треба да се пријават до петок, до 15 часот на телефонскиот број 02/3297-265 или по пат на електронска пошта на адресата medium@skopje.gov.mk.
Центарот за управување и контрола на сообраќајот ќе можат да го посетат само лица кои се пријавиле. Посетите ќе се организираат во групи од по 10 лица, а посетителите треба да имаат документи за идентификација и пред посетата ќе треба да потпишат изјави за доверливост на информации.
Фотографирање во Центарот за управување и контрола на сообраќајот е забрането.
Градските власти потсетуваат дека постои можност, поради безбедносни причини, посетите ненајавено да бидат прекинати
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО