Македонија
22. јуни 2017 - 9:08

Отворен ден на проектот „Локална интеграција на бегалците, внатрешно раселените лица и малцинските групи”

НВО Сумнал од Битола денеска во своите простории организира Отворен ден во рамките на проектот „Локална интеграција на бегалците, внатрешно раселените лица и малцинските групи” поддржан од Европската Унија со можност за средби на институциите со локалното население. 

Проектот „Локална интеграција на бегалците, внатрешно раселените лица и малцинските групи”, меѓу другото, има за цел да ги зајакне капацитетите на државната администрација на национално ниво и на локално ниво во општините Берово, Битола, Виница, Гостивар, Делчево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово, Чаир, Штип и Шуто Оризари за поуспешна поддршка на локалните процеси на интеграција и инклузија на Ромите, Ромите бегалци и внатрешно раселени лица. 

Како што наведуваат организаторите, во рамките на настанот на сите припадници на ромската заедница ќе им биде овозможено да остварат директен контакт, да прашаат за некој свој проблем или пак да побараат совет од претставниците на институциите.

На овие средби покрај претставниците на општините, Координаторот и членовите на Локалното координативно тело, претставници од Министерството за труд и социјална политика и ЕПТИСА свои претставници ќе имаат и: Народниот правобранител, Центарот за социјална работа, Центарот за вработување, Агенцијата за катастар на недвижности, Министерство за труд и социјална политика, Сектор за социјална заштита, Министерство за труд и социјална политика, Одделение за имплеметација на Стратегијата за Роми и ромската декада, ОБСЕ, на Проект за локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцински групи поддржан од ЕУ и на НВО-секторот од Битола кои работат со ромската заедница.

- Се надеваме дека оваа средба е голем чекор напред во процесот на воспоставување на доверба, рушење на стереотипите и остварување на загаранитраните права на сите граѓани во Република Македонија, стои во соопштението.