Македонија
29. September 2015 - 8:44

Отворен ден на Катастарот во општина Илинден

Во општина Илинден денеска ќе се одржи Отворен ден на Катастарот. Сите заинтересирани граѓани кои имаат проблеми од областа на катастарот ќе можат да се сретнат со стручните служби и да ги изнесат своите конкретни проблеми, како и да се информираат за одредени постапки.

Целта на средбата е директно да се придонесе за отстранување на проблемите и забрзување на постапките кои граѓаните ги спроведуваат во делот на остварување на право на недвижностите, во постапката за запишување на изградени објекти за кои има одобрение за градење, при непоклопување на фактичката со катастарската состојба, разни имотни проблеми, како и да се информираат со новините во работењето на Катастарот.