Македонија
22. November 2019 - 21:13

Отворен центар за аутизам во Струга

Охрид ќе прерасне во регионален центар за грижа за лицата со аутизам .Денеска беше отворен центарот за возрасни а до крајот на годината ќе започне да функционира и Центарот за рехабилитација, едукација и сензонарна интеграција наменет за ран третман на деца со аутизам АДХД и Аспергеров синдром на возраст од 2 до 8 години.

Од здружението за третман на лица со аутизам велат дека и покрај тоа што во земјава сеуште нема регистар ,бројот на аутистични деца постојано расте.

Центрите ќе ги опслужува високо професионален тим каде  освен третманите на лицата со аутизам и  пречки во развојот ќе се спроведува и едукација на семејствата, со цел подобра грижа на лицата со аутизам.