Отворен 14. Интернационален фолклорен фестивал „Велес“
Со свечено дефиле низ улиците, синоќа во Велес почна програмата на годинашниот, 14-ти Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2017“ кој ќе трае до 8 јули.
Свеченото отворање беше на сцената на отворено во Младинскиот парк, а во својство на организатор фестивалот го прогласи за отворен градоначалникот Славчо Чадиев.
- И годинава песната и музиката нека ги спојуваат народите и нека бидат мостови на пријателство и соработка меѓу нив, порача велешкиот градоначалник.
На првата вечер пред преполниот амфитеатар со повеќеилјадна публика настапија културно-уметничките друштва „Керамичар“ од Велес, „Текстилац“ од Црна Гора, „Абрашевиќ од Србија, домашните ансамбли „Александар Турунџев“ и „Македонија“, како и ансамбли од Бугарија, Хрватска и Полска.
Годинава учествуваат играорци од Хрватска, Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија, Словенија, Полска и Австралија. Најавен е и настап на два ансамбла од една источноевропска земја која ќе биде изненадување на ова издание на фестивалот. Домашните ансамбли се од Велес, Скопје, Битола, Делчево, Радовиш и Богданци.
Втората фестивалска вечер денеска ќе почне во 20.30 часот во амфитетарот на Младинскиот парк, каде што ќе настапат ансамбли од Македонија, Бугарија, Австралија, Хрватска, Србија и Црна Гора.
Ново на Сител
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата