Бизнис
22. March 2017 - 12:38

Отворање на Нептун продавница во Трговски Центар Сарај

На 22 март 2017 година, Нептун - најголемата малопродажна мрежа за техника, ја отвори својата 25 продавница,со цел да биде уште подостапна за своите клиенти. Новиот продажен салон се простира на површина од 260 м2 и е лоциранво Скопје, во трговскиот центар Сарај,на први спрат. 

Во продавницата на Нептун купувачите можат да најдат широк асортиман на производи од бела техника, телевизори, смартфони, компјутери,фото-апарати, апарати за лична нега и убавина и мали апарати за домаќинство, од сите достапни брендови во асортиманот на Нептун.

Малопродажната мрежа Нептун веќе 19 години е присутна на македонскиот пазар. Во моментов е застапена со 25 продажни места во 20 градови во Македонија.