-->
-->
Отсуството на сведоци го одложи предметот „Тендери“ за 4 април
-->
Поради неприсуство на повиканите сведоци за случајот “Тендери” на Специјалното јавно обвинителство денешното рочиште се одложува за 4 април.
Во судница беше присутна првообвинетата поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, која се терети за кршење на постапката на тендерот за изградбата на Музејот на ВМРО.
Судијата Осман Шабани рече дека со акти ќе ги обезбеди сведоците за следното рочиште.
– Со оглед дека не се присутни повиканите сведоци расправата се одложува, но ќе ги обезбедам по телефон и ќе добијам одговор од МВР, изјави судијата Осман Шабани.
Посочи дека во зависност од одговорот од МВР за адресите на живеење и нивната достапност, сведоците ќе бидат повикани по телефон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето