Македонија
11. January 2017 - 21:25

Отсуството на сексуалното образование негативно влијае врз младите

Отсуството на сексуалното образование во процесот на учење кај младите, негативно влијае врз нивниот развој. Ова го открива студија од меѓународно истражување за однесувањата поврзани со здравјето на деца во Македонија на возраст од 15 години. Според резултатите, дури 36 проценти од момчињата на оваа возраст изјавиле дека имале сексуален однос. Кај девојчињата, овој процент е 12 пати помал.

- Значи не можеме да градиме вистини на некакви стереотипни слики на предрасуди бидејќи тоа не води во ќорсокак и на никаков начин не го потпомага развојот на младите во Македонија, вели Лина Ќостарова Унковска, член на истражувачкиот тим.

Резултатите од истражувањето покажале дека младите на 15 годишна возраст не се доволно едуцирани и заштитени при првиот сексуален однос. Поради ова, тие подоцна покажуваат поголема агресивност во средината, земаат лекови за смирување а размислуваат и за самоубиство, открива студијата.

Инаку освен во Македонија, истражувањето е направено во уште 43 земји.