Македонија
13. November 2020 - 21:25

Отстранет хангарот на кајакарскиот клуб „Црн Дрим“

Под силно полициско обезбедување отстранет хангарот на кајакарскиот клуб „Црн Дрим. Со жив штит кајакарите го бранеа пристапот до монтажниот објект каде ја чуваат опремата и кајаците откако претходно биле иселени од просториите ,додека багерот се обидуваше да го отстрани .

Од Кајакарскиот клуб велат дека со закани и физички пресметки се уништува спортот наместо да се рушат дивоградбите кои го бетонираа целото крајбрежје.

Спортистите велат дека наместо да бидат подржувани од државата на овој начин се уништува кајакарството.

Oд општинскиот инспекторат потенцираа дека објектот е поставен без одобрение па поради тоа донесено е решение за негово отстранување.

Од клубот  најавија дека откако биле иселени од поранешните простории, морале да најдат начин каде да се сместат но од страна на општината и покрај тоа што побарале дозвола за локација, одговор не добиле.

Активностите за уривање на монтажниот објект се преземени од страна на општината, од каде наведуваат дека објектот се наоѓа на државно земјиште.