Македонија
23. December 2019 - 11:00

Отсекот за превенција од Крива Паланка организираше турнир во мал фудбал за ученици и родители

Спортската сала “Бранители 2001” од Крива Паланка во текот на викендот беше мегдан за  докажување на спортските перформанси на учениците од градот и нивните родители, што се демонстрираа на турнирот во мал фудбал во организација на Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка.
 
– Над стотина ученици, родители и полициски службеници од отсекот за превенција беа дел од големиот ревијален турнир во мал фудбал што СВР Куманово, отсек за превенција и отсекот од нашата полициска станица го спроведоа со цел промовирање позитивни семејни вредности во пресрет на новогодишните празници. Активноста е дел од проектот “Полицијата и граѓаните заедно” низ кој ја промовиравме важноста од безбедност на младите во секој сегмент од живеењето, со укажување на предизвиците и опасностите од пороци и девијантни појави, информира командирот на ПС од ОН Крива Паланка, Дејан Маринковски.
 
Учествуваа ученици од основните училишта “Јоаким Крчовски” и “Илинден” и средното општинско училиште”Ѓорче Петров”, наставници, родители, полицајци.
 
-Полицијата е блиску до граѓаните, редовно организираме активности во соработка со училиштата и локалните институции, а во однос на превенција во претстојниот период низ училиштата ќе се реализираат и предавања за заштита од употреба на пиротехнички средства, додаде Маринковски.