Македонија
13. July 2020 - 14:09

Отруени бездомни кучиња во паркот во Ајдучко маало во Тетово

Неколку бездомни кучиња се отруени во паркот во Ајдучко маало, објавија тетовци на социјалните мрежи. На една од видео снимките се забележуваат пцовисаните кучиња, а едно од нив и како се бори со отровот во последните мигови од животот.

Неколкумина безуспешно се обидуваат да му помогнат. Во текот на денот пцовисаните трупови беа се уште таму. Паркот во Aјдучко маало е место каде претежно престојуваат деца поради лизгалки, нишалки и слична опрема.

– Ова е трето труење во Ајдучко маало. Кучињата се опасност за децата, може да се затрујат. Со вакви „настани“ далеку е Европска унија. Кучињата беа постојано таму, мирни беа, напишаа тетовци на Фејсбук.

Во Јавното комунално претпријатие Тетово соопштија дека случајот е пријавен кај нив и дека ќе ги отстранат пцовисаните кучиња.