Отруени бездомни кучиња во паркот во Ајдучко маало во Тетово
Неколку бездомни кучиња се отруени во паркот во Ајдучко маало, објавија тетовци на социјалните мрежи. На една од видео снимките се забележуваат пцовисаните кучиња, а едно од нив и како се бори со отровот во последните мигови од животот.
Неколкумина безуспешно се обидуваат да му помогнат. Во текот на денот пцовисаните трупови беа се уште таму. Паркот во Aјдучко маало е место каде претежно престојуваат деца поради лизгалки, нишалки и слична опрема.
– Ова е трето труење во Ајдучко маало. Кучињата се опасност за децата, може да се затрујат. Со вакви „настани“ далеку е Европска унија. Кучињата беа постојано таму, мирни беа, напишаа тетовци на Фејсбук.
Во Јавното комунално претпријатие Тетово соопштија дека случајот е пријавен кај нив и дека ќе ги отстранат пцовисаните кучиња.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар