Балкан
22. January 2016 - 10:07

Отровна Маша: Повлечени кукли што содржат опасна хемикалија

Црногорските санитарни инспектори при контрола на безбедноста на пластични играчки кај пет пронајдоа хемикалија фталат над пропишаното ниво (0,1) отсто, која е ризична по здравјето на детето па затоа овие играчки се повлечени од продажба.

Концентрација повисока од дозволената од оваа хемикалија е пронајдена во пластичната кукла „Маша“, сет пластични патчиња, музичка кукла, пластичната кукла диверсити фешн и во гумената играчка „бабл тојс“, сите со потекло од Кина.

Оваа хемикалија може штетно да влијае на плодноста и плодот, го наруѓува хормонскиот систем, а може да предизвика и алергии.

На пазарот се пронајдени 160 парчиња, а увозниците и дистрибутерите презедоа мерки за итно повлекување на производот од промет и враќање од страна на потрошувачите.