Свет
2. September 2017 - 17:59

Отровен облак над Мадрид

Шпанските служби за вонредни ситуации ги предупредија денеска жителите од јужниот дел на Мадрид да останат во своите домови со цел да го избегнат токсичниот облак, предизвикан од пожар во блиската индустриска постројка.

Во соопштението се наведува дека едно лице е хоспитализирано поради изгореници, а пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот во мадридската населба Фуенлабрада.

Евакуирани се и еден хотел и индустриска зграда