Бизнис
27. јуни 2017 - 21:36

Отпадот закана за туризмот во Охрид

Сливот на реката Црн Дрим кој е најбогат со питка вода во Македонија не е доволно заштитен а потврда за тоа се бројните диви депонии вдолж течението. Свеста кај населението за жал се уште е многу ниска ,дополнителен проблем е и тоа што сите населени места не се поврзани со пречистителниот систем, но и цврстиот отпад кој во големи количини се фрла во реките кои потоа завршуваат во Охридското езеро. 

Екологистите сметаат дека под итно треба да се намали и  внесот на пестицидите бидејќи нивните остатоци од распаѓањето доспеваат во синџирот на исхрана и   тоа влијае врз здравјето на локалната популација. 

Со оглед на тоа што подземните води во дримскиот басен не се доволно истражени ниту пак има некаков катастар надлежните апелираат да се воведе хидрогеолошки мониторинг на подземните води и  зголемување на хидролошките станици за набљудување.