Бизнис
5. јуни 2018 - 19:46

Отпадни води се влеваат во Црн Дрим и Охридското Езеро

Поради дотраеност  и неадекватно одржување на опремата состојбата со колекторскиот систем е доведена до целсоен колапс.

Дел од непречистените фекалии и отпадни води директно се влеваат во реката Црн Дрим и во Охридското езеро што претствува еколошка катастрофа со огромни последици кон животната средина и јавното здравје.

Градоначалникот на Охрид Стојаноски потенцира дека доколку не се направи ревиталзиација на колектроскиот систем можеме да очекуваме еколошка бомба.

Инаку пречистителната станица за отпадни води за Охрид и Струга постои 30 години .Од месец септември во договор со владата се очекува или да се ревитализира постојниот колекторски систем или да се изградат нови пречистителни станици .