Бизнис
17. July 2016 - 16:53

Откупувачите ги почитуваат новите правила кои беа воведени со законските измени за неделни откупни цени

Праксата да истакнат една, а да откупуваат по друга и тоа пониска цена повеќе ја нема. Откупувачите ги почитуваат новите правила кои беа воведени со законските измени за неделни откупни цени. Со измените сите откупувачи имаат обврска цените за откуп на земјоделски производи кои ќе ги формираат на почетокот да ги почитуваат до крајот на неделата. Од државниот земјоделски инспекторат велат дека од стапувањето на законските измени на сила нивни инспектори се постојано на терен и досега немаат регистрирано неправилности и непочитување на законот.

-Ниe постојано ќе ги следиме сите откупни циклуси за било која реколта, дали е тоа сега во најава за пченицата или за градинарските култури. Секаде каде што ќе има отстапки ќе следи и санкција согласно постоечките законски регулативи. До сега се спроведува, одговорно тврдам дека досега нема отстапки, вели Цветан Трифуновски

Задоволни од новото законско решение и неговата примена во пракса и  земјоделците. Велат со него конечно ќе се стави ред и ќе се избегнат манипулациите со откупната цена со кои се соочуваа скоро секој ден.

-Со тие реформи, со тие барања кои се прифатени од министерот ќе се стави ред и нема да има манипулации со цената, земи денеска од сабајле гајби на 20 денари поручек оди 10 денари. Така се создаваше револт меѓу земјоделците. Сега тоа е надминато, веќе гледам дека е надминато и одиме напред, рече Ванчо Митев – од земјоделското здржение Еко градинар од Добрејци

Обврската за истакнување неделни откупни цени стапи на сила на почетокот од овој месец. Решението го предложија земјоделсите производители, а министерството за земјоделие им излезе во пресрет и го прифати предлогот по што се направија неоходните измени во законот за земјоделство и рурален развој.