Откупени повеќе од 14.500 тони тутун, просечната цена 192 денари
Вкупно 14.588 тони тутун од годинашната реколта се откупени до денеска, а просечната цена е 192,08 денари по килограм, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Деветте компании за месец и половина или од почетокот на откупот, 15 ноември, презеле 75 отсто од очекуваните количини. Исплатата е реализирана 93 проценти, на тутунарите им се префрлени 2,612 милијарди денари.
- Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 252 денара за килограм, информира МЗШВ.
Според првичните проценки, во реколта 2016 се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор потпишаа 10 претпријатија, од кои девет го исполнија условот за откуп - заклучно со 15 декември доставија банкарска гаранција дека обезбедиле средства за таа намена.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж