Бизнис
21. January 2016 - 20:12

Откуп на половина од ланскиот тутун

Откупено повеќе од половина од ланската реколта на тутун. Откупот се одвива во најдобар ред, а од Министерството за земјоделство информираат дека досега се исплатени 81 % од преземените количини. Од Асоцијацијата на земјопделци велат дека проблем се јавува само со Струмица Табак кои уште не почнале со откупот, со образложение дека немаат пари да ги исплатат тутунарите.

Годинава родот е со многу подобар квалитет во однос на лани. Тоа го потврдува и постигнатата цена која лани изнесуваше 117 денари по килограм а сега просечната цена е речиси 187 денари.

Производителите задоволни. Очекуваат дека во наредниот период уште повеќе ќе се зголемува и ќе достигне 190 денари по килограм.

Тутунарите се први кои ќе ги добијат субвенциите од 60 денари по килограм, откако ќе заврши откупот. Годинашното производство е околу 21 000 тони, а се побаруваат 25 000.