Џет-Сет
26. November 2015 - 11:02

Откриено зошто сестрата на Северина не дојде на свадбата

Сестрата на новопечената невеста Којиќ, убавата хрватска пејачка Северина, откри зошто не присуствуваше на свадбата на сестра си. Зденка и нејзиниот сопруг Здравко Жуниќ откри дека не била и не сакала да оди на свадбата на Северина иако била поканета, бидејќи како што вели, тие се католици, не сакаат српска свадба и не го поддржуваат естрадниот циркус.

Како што изјавува таа за Слободна Далмација, Србите со нив воделе вооружена војна, ги угнетувале 50 години, па затоа таа не сакала да биде дел од свадбата. 

- Мојата сестра е католик, одгледана е и воспитана на тој начин, но и се смени однесувањето и размислувањето со естрадниот циркус, вели таа.

Инаку, свадбата за која долго се зборуваше се случи викендов, а другата сестра на Северина беше дел од прославата.