-->
-->
Откриено за што ќе зборуваат Путин и Ким: Едно прашање ќе биде централна тема - целиот свет го чека одговорот
-->
Потпаролот на Кремиљ Димитриј Песков изјави дека рускиот и северокорејскиот лидер Владимир Путин и Ким Џонг-Ун имаат пред себе „голем број на прашања“ за кои ќе разговараат во текот на престојната средба.
- Прво најважно во развојот на билетералните односи, второ за дебуклеаризацијата и регионалната соработка, така да распонот на прашања за кои тие ќе расправаат прилично е голем, рекол Песков, пренесуваат светските производи.
Тој ги потсети новинарите дека станува збор за самит на двете соседни држави, кои делат прилично иста граница.
- Нашите земји не се сместени на различни континенти, ние граничиме едни со други, нагласи Песков коментирајќи го барањето да ги спореди предстојните разговори меѓу Путин и Џонг-ун и самитот на престедателот на САД и лидерот на Северна Кореја.
Говорејќи за очекувањата на Кремиљ од сотанокот на двата лидери, Песков потсетува дека „Москва и Путин немале одвоени разговори со северокорејското раководство подолго време“.
- Како што се сеќавате, Путин го посети Пјонгјанг почетокот на 2000 година кога имал контакти со северокорејските делегати на највисоко ниво. После дошло до долга пауза кога доминарало прашањето за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, потсети потпаролот на Кремиљ.
Исто така потпаролот потсетува дека Русија ја поддржува денуклераизацијата на Северна Кореја, односно на корејскиот полуостров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право