Свет
1. April 2020 - 11:24

Откриено на која температура коронавирусот умира за 5 минути

Новиот коронавирус е најактивен на температури околу 4 степени Целзиусови, додека на температура од 70 степени умира за околу 5 минути, покажало истражување на научниците од универзитетот во Хонг Конг.

На 4 степени вирусот може да живее скоро две недели, додека на температура од 70 степени умира за пет минути, се наведува во медицинското истражува објавено на сајтот medrxiv.org.

Научниците ја испитувале и одржливоста на вирусот на различни површини, па откриено е дека тој останува на површината на медицинските маски и до една недела, при собна температура и влажност на воздухот до 65 отсто.

На хартија останува помалку од 3 часа, на дрво и материјал не повеќе од два дена, на стакло може и до 4 дена, додека на челик и пластика и до една недела.