Живот
21. December 2015 - 16:28

Откриено е за што пејат „Спајс Грлс“ во големиот хит „Wannabe“

Веројатно и денес добро се сеќавате на големиот хит на „Спајс Грлс“ „Wannabe“, но сигурно на најголемиот број се уште не ви е јасно за што пејат девојките во песната. 

Извор близок на поранешниот бенд, за „Дајли Стар“ сега објасни дека песната содржи стих за две девојки кои „уживаат во сексот под дејство на екстази“. 

"We got Em (Baby) in the place who likes it in your face. We got G (Geri) like MC (Sporty) who likes it on an E", вели спорниот стих, кој во песената го рапува Мел Би.

Токму таа ги напишала поголемиот број стихови од хитот, а неименуваат извор открива и уште една занимливост за настанокот на песната „Wannabe".

- Во соседството на студиото во кое снимавме беа „Орбитал“ и „Кемикал Брадерс“. Беше тука и еден поп пеач од осумдесетите, кој не мразеше бидејќи бевме на негова територија. Бидејќи цело време одеше во тоалет со цигара, го нарековме „shits and cigars“. Тој прекар ни влезе во секојдневниот говор, па Мел Би во песната наместо „zig-a-zig-ah“ сакаше да биде „shits and cigars“, но се откажа од тоа, раскажа анонимниот извор за „Дајли Стар“.