Македонија
11. April 2016 - 14:07

Откриени 20 авганистанци во возило кај Кавадарци

На патниот правец Кавадарци-Мушов Гроб, вчера околу 7 часот, во патничко моторно возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.И. (22) од скопското село Батинци, полициски службеници откриле 20 илегални мигранти од Авганистан.

МВР денеска соопшти дека возачот на возилото не бил пронајден.

Кога ги забележал полициските службеници, возачот го запрел возилото и побегнал. Илегалните мигранти, се посочува во соопштението, биле донесени во полициската станица за граничен надзор Михајлово и со нив бил  извршен разговор. Дел од мигрантите со потврда за предавања на лица се предадени во Прифатен центар за странски државјани-Скопје, а останатите во Прифатен центар за баратели на азил-Визбегово, Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.