Џет-Сет
8. јуни 2016 - 10:09

Откриена тајната за Северина и нејзиниот менаџер

Кралот на бакарот, Милан Поповиќ, кој беше со Северина. откри валкана тајна за неа и нејзиниот менаџер. Тој за српскиот Ало говореше за менаџерот на Северина кој тврди дека Милан до сега поднел 25 тужби против својата поранешна сопруга, и мајка на неговиот син.
 
Милан тврди дека не поднел толку тужби и дека менаџерот лаже, но додава дека е спремен да поднесе само за заштитата и сигурноста на своето синче.
 
- Ми се чини по неговите изјави дека сум поднел тужби бидејќи Северина се омажила, се откри тајната дека таа будала од менаџер ја сака неа и не може да прежали што се омажи за друг. Со изјавите за мене само лечи комплекси за неостварената љубов, открива Милан.