Откриена тајната на Бермудскиот триаголник, еве зошто исчезнуваат бродовите и авионите | Сител Телевизија
Живот
14. March 2016 - 12:11

Откриена тајната на Бермудскиот триаголник, еве зошто исчезнуваат бродовите и авионите

Откривањето на огромните подводни кратери на дното на Баренцовото море може да биде логично објаснување за исчезнувањето на бордовите во Бермудскиот триаголник.

Научниците пронајдоа кратери длабоки и до 45 метри. Тие настанале благодарение на големите количества метан од брегот на Норвешка која инаку е богата со гас. Овие наслаги на крајот експлодирале оставајќи зад себе огромни дупки.

-Оваа област е една од најголемите жаришта на метан ослободен во морската вода Кратерите кои настанале со експлозија, претставуваат потенцијално голем ризик за пловидба на бродовите во Баренцовото море, наведуваат научниците, а според нивните зборови, кратерите исто така може да бидат причина за исчезнување на бродови и летала.

Оваа област се протега од северот на Атланскиот океан, преку Флорида, па до Порторико. Слични подводни процеси кои се случуваат таму, многу веројатно е дека ги има и во пределот на Бермудскиот триаголник.

Рускиот научник Игор Јељцов изјави дека Бермудскиот триаголник настанал како последица на реакциите на подводниот гас.

-Овие реакции може да бидат исклучително силни како и нуклеарните, што придонесува за загревање на океанот и тонење на бродовите во водите помешани со големо количество гас, вели Јељцов.