Македонија
26. August 2020 - 11:40

Откриена спомен плоча во центарот на Скопје по повод 110 години од раѓањето на Мајка Тереза

На плоштадот Македонија е откриена спомен плоча посветена на Света Мајка Тереза, а промовирана е и книгата посветена на нејзиниот живот и дело.

На собирот се обрати претседателот на Собранието Tалат Џафери:

„Апелирам до сите вас присутни и почитувачи на ова ценета фигура да бидете совесни, одговорни, да се грижиме едни за други, да се грижиме за блиските, познатите и непознатите, и на овој начин да придонесеме за победа на оваа пандемија која го има зафатено светот.“

Денешниот настан е во рамки на традиционалната манифестација „Денови на Св. Мајка Тереза, организирана од граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ .

Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година, на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.

На 18-годишна возраст, водена од желбата да стане мисионерка, Гонџа го напушта својот дом и родното Скопје .

Во Калкута, Индија 1931 година го далва својот прв завет како сестра Тереза.

Папата Јован Павле II во 2003 –тата година  ја прогласи Мајка Тереза за Блажена, а на 2016 година, еден ден пред годишнината од нејзината смрт, Папата Фрањо ја прогласи Мајка Тереза за Светица.

 

Сања Сеизова Мрмова