Свет
14. December 2020 - 18:21

Откриена нова мутација на коронавирус во Англија

Повеќе од илјада случаи на инфекција со нова варијанта на коронавирусот се откриени во изминатите неколку дена во Англија, претежно на југот на земјата, што би можело да се поврзе со скокот на бројот на заразени, изјави денеска министерот за здравство Мет Ханкок.

„Идентификувавме нова варијанта на коронавирусот што може да се поврзе со побрзото ширење на југо-истокот на Англија“, рече Ханкок во обраќање пред парламентот.

„Првичната анализа сугерира дека оваа варијанта расте побрзо од досегашните“, додаде тој.

„Во овој момент морам да истакнам дека нема нешто што сугерира дека оваа нова варијанта ја зголемува веројатноста од посериозна форма на болеста, а најновите клинички информации се дека е малку веројатно оваа мутација да не реагира на вакцината“, додаде тој.