Свет
5. September 2015 - 9:45

Откриена најголемата плантажа со канабис во Шпанија

Шпанската полиција ја откри најголемата плантажа со канабис во Шпанија, во реонот на градот Албасете, во југоисточниот дел од земјата, при што се уапсени и шест лица.

На плантажата се засадени околу 75.000 растенија канабис со вкупна тежина од пет тони. Таа е откриена среде фарма со плоштина од три хектари.

Според шпанските медиуми, плантажата би можела да биде и најголемата во Европа.