Свет
25. November 2016 - 15:33

Откриена масовна гробница во Мексико со 32 мртви тела

Гробница со 32 тела на убиени лица, е откриена на југот од Мексико, во сојузната држава Гуереро, соопштија мексиканските безбедносни власти.

Во Гробницата биле најдени 31 машко и едно женско тело, како и девет отсечени глави.

Полицијата и форензички експерти сега трагаат по ридчестата околина на градот Зитлала, верувајќи дека во регионот може да има уште вакви гробници.

Експертите сега истражуваат чии се најдените посмртни останки, но се верува дека сите се жртви на насилството на локалните нарко картели.

Полицијата соопшти дека ммасовната гробница била откриена по претходно добиена анонимна дојава, поврзана со потрагата по една киднапирана  жртва.

Засега никој не е формално осомничен и нема уапсени.

Градот Зитлала и државата Гуереро се познати по својот висок степен на насилнички криминал.

Во овј дел од Мексико „царуваат“ нарко бандите кој многу често војуваат меѓусебе, затоа што Гуереро важи како значаен производител на опиум.

Само оваа година, во периодот од јануари до октомври, во овј регион се регистрирани повеќе од 1800 убиства.