Свет
2. September 2015 - 10:07

Откриена масовна гробница со над 30 илјада жртви на наркокартели во Мексико

Во мексиканската сојузна држава Нуево-Леон во североисточниот дел на земјата, во близина на границата со САД е откриена масовна гробница со околу 31 илјада човечки жртви, соопшти обвинителството на државата, пренесува ТАСС. 

Гробницата е пронајдена на територија на ранч во регионот Салинас-Викторија, по поројните дождови во областа. Се претпоставува дека останките се на жртви на наркокартелите. 

Останките се нафрлани и измешани, така што е тешко да се утврди точниот број на луѓе, што се закопани во гробнивата, изјави претставник на невладината организација „Граѓани за човечки права“, пренесува весникот „Екселсиор“. 

Експерти од обвинителството вршат истражувања и анализи за утврдување на идентитетот на жртвите. аа/08:38