Живот
4. April 2017 - 8:52

Oткриена досега непозната древна пирамида во Египeт

Остатоци од пирамида изградена пред околу 3.700 години, е пронајдена близу т.н. „крива пирамида" на фараонот Снефру, соопшти египетското Министерство за антиквитети.

Пирамидата, која и изградена во времето на 13-та династија, се наоѓа во кралската некропола Дашура, 30 километри јужно од Каиро.

Ископувањето е се уште во рана фаза, па за големината и обемот на пирамидата уште е  рано да се говори.