Балкан
29. April 2018 - 11:35

Откриен мотивот за ликвидирање на убиецот на Аркан, Милан Ѓуриќ

Милан Ѓуричиќ од Лозница, Србија, осуден за убиството на Аркан и двајца негови пријатели на 15 јануари 2000 година, во средата попладне е убиен во Јужна Америка, потврди полицијата.

Информацијата дека е Ѓуричиќ убиен, беше брзо демантиран, со тврдење дека е убиен белгиски државјанин што многу потсетува на него.

Меѓутоа  во текот на вчерашниот ден, официјално е потврдено неговото убиство, а во неговата родна куќа луѓе се собираат за да изразат сочуство.

Како што пишува српски Курир постои сомнение дека Ѓириќ настрадал како жртва во пресметка во бизнис за оружје и дека тука се кријат трагите кои водат до мотивот и извршувачот на суровото убиство во Јужна Африка.

Службите истражуваат дали Ѓуриќ работел и со Србија.

Станува збор за важен бизнис, а познато е дека Ѓуриќ наголемо го развил овој бизнив во јужноафриканската Република, па се претпоставува дека ваквиот бизнис стигнал и до Европа.