Македонија
12. July 2015 - 12:59

Откриен идентитетот на загинатата кај Демир Капија, меѓу повредените бебе и три годишно дете

Полицијата го утврди идентитетот на жената која утринава загина во сообраќајна несреќа кај Демир Капија.
 
Станува збор за 63-годишната Миланка К. од Белград која животот го загуби на лице место, откако автомобилот „Цитроен“ со српски регистерски таблички кој го управувал 40-годишниот белграѓанец М.К. излетал од коловозот.
 
Во несреќата покрај возачот, со повреди се здобила и неговата сопруга 38-годишната А.К., како и нивните две малолетни деца, 9-месечно бебе и три годишно детенце.
 
Повредените по укажаната лекарска помош во велешката болница, се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.